Loading Video...
Свет
20. November 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Најмалку 26 лица загинаа меѓу кои и три деца, а многумина се водат како исчезнати во рускиот напад со беспилотни летала и ракети што се случи ноќеска и погоди станбени згради во западниот украински град Тернопол. Повредени се околу 100 лица. Погодена и опожарена беше зграда, а противпожарните екипи се обидуваа да го изгаснат пламенот. Русија испали 476 беспилотни летала и 48 ракети кон Украина, погодувајќи ја енергетската и транспортната инфраструктура и принудувајќи итни прекини на електричната енергија во голем број региони при ниски температури. Украинските спасувачи работеа цела ноќ по рускиот напад. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара по средбата со турскиот претседател Ердоган изрази надеж дека размената на затвореници со Русија ќе биде обновена до крајот на годината.

Израелските воздушни напади убија вкупно 25 Палестинци во Појасот Газа во текот на вчерашниот ден на дел од енклавата под контрола на Хамас. Израелската војска соопшти дека нејзините сили нападнале цели на Хамас низ Газа откако членови на палестинската милитантна група отвориле оган врз нејзините трупи, кршејќи го речиси шестнеделното примирје. Нема повредени израелски сили. Повторените инциденти со пукање укажуваат на кршливоста на примирјето. 

Нетанјаху ја посети тампон-зоната во Сирија, а оваа негова посета е „загрижувачка, благо кажано“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Посетата доаѓа откако американскиот претседател Трамп изјави дека неговата администрација работи со Израел за подобрување на односите со Сирија.

Дијана Хрка, мајката на Стефан, кој загина лани при падот на бетонската настрешница железничката станица во Нови Сад, го поддржа предлогот на автопревозникот Миломир Јаќимовиќ за блокада на Белград, повикувајќи ги жителите на Нови Сад да одговорат на тој повик.

Германија доживува невообичаено ран почеток на зимата со мраз и снежни врнежи. Се очекува температурите да паднат под нулата поради појава на поларен воздух. Локалните експерти предвидуваат постојани зимски услови до крајот на ноември и почетокот на декември.