Loading Video...
Свет
21. November 2025 - 12:13

Преглед на вестите од светот

Руската војска синоќа објави дека го освоила градот Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели.

„Руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск“, му рекол командантот на Западната група руски трупи, Сергеј Кузовљев, на претседателот Владимир Путин.

Купјанск, кој имал население од 55.000 жители пред војната, бил во руски раце неколку месеци во 2022 година, но бил ослободен од украинските сили во септември истата година. Според Путин, борбите се водат и во Костјантинивка, главното упориште на украинските сили во регионот Донецк.

Путин рече дека главната задача на руските сили е „безусловно да ги постигнат целите на Специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува инвазијата на Украина.

Рускиот претседател го посети една од командните пунктови на Западната воена група, учествуваше на состанок со воените раководители и ги слушна деталните извештаи за ситуацијата во различни насоки, вклучително и околу Купјанск, информира прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков.

Владата на САД нема да учествува на самитот на Г-20 во Јужна Африка, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Таа исто така, го обвини јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса дека „зборува без размислување“ и додаде дека Белата куќа не го сфаќа ова позитивно.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа повтори дека „нема да има палестинска држава, дури ни по цена на нормализирање на односите на Израел со Саудиска Арабија“. Бидејќи, како што изјави, таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“.

На прашањето од новинарите што го спречило нормализирањето на односите меѓу Тел Авив и Ријад, Нетанјаху рече дека војната во Појасот Газа го отежнала напредокот во тој процес, но нагласи дека условите за нормализирање на односите сега можат да се развијат како што војната се смирува, објави „Тајмс оф Израел“.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Бангладеш денеска соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки. Жители на главниот град Дака излегоа на улиците. Потреси биле почувствувани и во источните држави во соседна Индија што граничат со Бангладеш, но нема непосредни извештаи за штети, соопштија властите. Епицентарот на земјотресот бил во градот Нарсингди, околу 40 км од Дака, главниот град.