Преглед на вестите од светот
Во организација на Демократската партија, синоќа пред владата во Тирана одржан беше првиот, од серијата национални протести, се до, како што беше порачано " уривање на нарко владата на Еди Рама".
Пред присутните се обратија претставници на политички партии чија заедничка порака беше дека „ е означен почетокот на историската мисија, за ослободување на Албанија и Албанците со падот на владата на Рама, формирање техничка влада и спроведување слободни избори".
Обраќање имаше и лидерот на ДП, Сали Бериша. Во текот на неговиот говор учесниците во протестот почнаа на фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон владиниот објект, поради што мораше да интервенира и противпожарно возило. Во говорот преполн со обвинувања до Рама и членови на владата за корупција и вмешаност во трговија со дрога, Бериша ги повика граѓаните масовно да се приклучат кон оваа "битка за доброто на Албанија и Албанците". Протестот се одржа под силно полициско обезбедување, за што беа ангажирани околу 1500 полициски службеници од неколку сектори.
Израел се согласи да ја продлабочи безбедносната соработка со Грција и Кипар, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по трилатералниот состанок во Ерусалим со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидес.
Нетанјаху рече дека трите земји имаат намера да го развијат Економскиот коридор Индија-Блискиот Исток-Европа (IMEC), иницијатива за поврзување на Индија со Европа преку Блискиот Исток по море и железница.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека моменталната задача е да се организира самото производство на системи за воздушна одбрана и ракети за нив во Украина, објавија украинските медиуми.
Зеленски го изјави ова во говорот за време на свечениот настан по повод Денот на дипломатскиот персонал. Тој објасни дека Украина веќе работи на создавање сопствени системи за воздушна одбрана. Притоа напомена дека Украина ќе продолжи да работи на договори што предвидуваат снабдување со системи за воздушна одбрана од своите партнери преку разни програми.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
