Loading Video...
Свет
26. December 2025 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кому му пренесе дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за време на Бадник и Божиќ, празници кои се славеа според грегоријанскиот календар. Тој додаде дека руските сили повторно гаѓале градови во источна Украина. Во Чернигов во напад со руски дрон врз станбена зграда, имало оштетувања и повредени лица.

Американската сојузна држава Калифорнија, е погодена од обилни врнежи, ја очекува ново влошување на временските прилики, со ризик од дополнителни свлечиша и поројни поплави, соопштија американските метеоролошки служби, додавајќи дека поради невремето без струја останале повеќе од 150 илјади корисници. Локалните власти соопштија дека најмалку два смртни случаи во Калифорнија кои би можеле да бидат поврзани со тешките временски услови. Дождот предизвикан од силната бура над јужна Калифорнија почна да слабее, но во наредните денови се очекуваат нови поројни дождови. Предупредување за поплави е во сила долж брегот на Калифорнија,

Во калифорнискиот округ Сан Бернардино, пожарникарите спасувале луѓе заробени во возила откако калта и одроните ги преплавиле патиштата, додека одредени куќи се поплавени, а на жителите им е наредена евакуација.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека преговорите со САД за ставање крај на војната во Украина напредуваат бавно, но сигурно. Таа речиси и да не ја спомена Украина и наместо тоа се обиде да ги соочи Вашингтон и неговите европски сојузници вклучени во мировните напори. Захарова ги повика американските колеги „активно да се спротивстават на обидите на западноевропските земји да го торпедираат и поништат напредокот постигнат во процесот на преговори за Украина“.

Позитивни сигнали има и од украинската страна Зеленски, соопшти дека имал добар разговор со Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Тој додаде дека „постојат добри идеи кои можат да доведат до заеднички исход и траен мир.

- Вистинска безбедност, вистинско закрепнување, вистински мир се она што ни е потребно на сите во Украина, во САД, во Европа и кај секој од партнерите кои ни помагаат. Се надевам дека нашите денешни договори и идеите за кои разговаравме ќе бидат корисни, нагласи Зеленски.

Група германски страствени пливачи се соочија со ниски температури од -8 степени на Божик и се капеа во езерото Оранкезе во Берлин, традиција што трае веќе 40 години.

Членовите на „Берлинските фоки“, кои се на возраст помеѓу 12 и речиси 90 години, пливаат секоја недела од средината на септември до крајот на април.

„Секој останува во водата колку што сака. Сепак, сакаме да се вратиме во водата по втор пат по кратка пауза.“

„Берлинските фоки“,потекнуваат од некогашниот Источен Берлин, главен град на поранешната Германска Демократска Република (ГДР) каде што пливањето без облека беше широко распространето. Клубот со своите 190 членови моментално не може да прифати потенцијални нови членови.