Loading Video...
Свет
30. December 2025 - 12:11

Преглед на вестите од светот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород. Тој изјави дека Украина ја нападнала резиденцијата со 91 беспилотно летало. Сите беспилотни летала биле уништени од руските системи за воздушна одбрана. Сè уште не е јасно дали Путин бил во резиденцијата во тој момент.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека целите и времето на одмаздата на Русија веќе се утврдени, но нагласи дека Москва нема намера да се откаже од учеството во преговарачкиот процес поврзан со мировниот план. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обвинувањето е лага, додавајќи дека Москва го подготвува теренот за напад врз владини згради во Киев.

Путин му кажа на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија го преиспитува својот став за мировниот договор по наводниот напад со беспилотни летала врз претседателската резиденција, објави Кремљ.

На средбата на Трамп со израелскиот премиер Нетанјаху, Трамп напомена дека веќе е постигнат „голем напредок“ на самиот почеток од разговорот и дека за пет минути решиле три прашања. Израелскиот премиер „понекогаш е тежок“, напомена Трамп, кој се надева дека втората фаза од неговиот мировен план за енклавата ќе стапи на сила „многу брзо“

Најмалку три лица загинаа во поплавите што ја погодија Андалузија. Најпогодена од поплавите е покраината Малага, каде загинаа две лица откако нивното комбе беше однесено од надојдената река. Третата жртва е 18-годишно момче, чие тело е пронајдено во покраината Гранада.

Во Малага регистрирани се најголем број инциденти од надојдената вода, а потоа следат Гранада со 58 и Алмерија во 48. Итните служби интервенирале поради поплавени домови, гаражи и улици. Поради поплавите затворени се голем број патишта, а во руралните и планинските области забележани се одрони на камења. Ибица пак доживеа редок временски феномен од поројните дождови, а некаде беше забележан и град.

Синоќа во северниот дел на Њујорк, имаше интензивни врнежи од снег, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за зимска бура до Нова Година. Се очекуваат вкупни снежни врнежи од 30 и 60 см и ветрови со брзина и до 80 км/ч. Видливоста е намалена и патувањето е отежнато.