Преглед на вестите од светот
Позитивна оценка од американскиот Претседател Трамп добија последните разговори со Иран кои американската делегација ги имаше во Оман.
Нови разговори се предвидени наредната недела, а САД очекуваат Иран да се согласи на договор за својата нуклеарна програма
Руски ракети и беспилотни летала ги погодија украинските електрани и електрични мрежи во текот на ноќта на 7 февруари, предизвикувајќи постојани прекини на електричната енергија и зголемувајќи го притисокот врз мрежата што веќе беше погодена од нападите изминативе недели, соопштија украинските власти. Најголем дел од главниот град е без греење на температури длабоко под нулата.
Украинскиот Претседател во ноќното обраќање рече дека ситуацијата во Киев е многу тешка.
Во меѓувреме течат и трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина. Американскиот претседател Трамп утрово рече дека последната рунда поминала добро и дека од нив може да излезе нешто додека Зеленски уште еднаш порача дека не може да има договор без да биде прашана Украина.
Закана од норо вирус се појави во олимпиското село откако хокејарките на Финска пројавија симптоми на болки во стомакот и повраќање. Целата репрезентација на Швајцарија веќе е во изолација откако една хокејарка е тестирана позитивна на норо, поради што го пропуштија и дефилето на вчерашното отворање.
Организаторите велат дека нема простор за паника.
Норо вирусот е исклучително заразен и многу лесно се шири во средини со голема концентрација на луѓе како што е олимпиското село.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
