Преглед на вестите од светот
Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека „нема друга опција освен преговори“,со Соединетите Американски Држави за нуклеарната програма. Тој посочи дека датум за следната рунда сѐ уште не е утврден, додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека тие би можеле да се одржат веќе следната недела.
Изјавата доаѓа по зголемените тензии меѓу Вашингтон и Техеран и предупредувањата дека во случај на нов американски напад, последиците би можеле да бидат сериозни.
Дронски снимки го покажаа обемот на поплавите на југот на Шпанија, по серијата силни невремиња што го зафатија регионот.
Иберискиот Полуостров во изминатите недели се соочи со низа бури што донесоа обилни врнежи, грмежи, снег и силни ветрови, во пресрет на бурата Марта која пристигна во саботата. Повеќе од 11 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во јужна Андалузија а повеќе од 170 патни правци се уште се затворени.
Осум жени се повредени во ноќен руски напад врз јужниот украински град Херсон, соопштија регионалните власти. Државната служба за вонредни состојби објави снимки од гаснење на пожар, додека Ројтерс наведува дека не можела независно да ја потврди локацијата и датумот на видеото. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат Москва и Киев да постигнат решение за крај на војната во Украина пред летото изразувајќи загриженост бидејќи Русија почнала да ги таргетира нуклеарните централни што дополнително ги проблематизира греењето и снабдувањето со електрична енергија.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
