Преглед на вестите од светот
Страшна трагедија го потресе гратчето Тамблер Риџ во кандската покраина Британска Колумбија.
7 лица се убиени а 25 се повредени при напад со огнено оружјето во среднмото улулуште Тамблер Риџ. Во училштетот е пронајдено и телото на напагачот, кој по крвавиот поход извршил самоубиство соопшти полицијата. Подоцна две лица беа пронајдени мртви во куќа во близината на училиштетот . Полицијата претпоставува дека постои можна врска со инцидентот во училиштето. Мотивот засега останува непознат
- Значи, имаме две сцени, го имаме училиштето, а потоа пронајдовме уште две лица починати во дом во Тамблер Риџ за кои се обидуваме да ја утврдиме поврзаноста со овој настан.
Властите велат дека го знаат идентитетот на напаѓачот во училиштетото, но не го открија неговото име и пол – најавија дека во наредните денови ќе објават дополнителни информации.Според изјави на локални жителчи за весникот „Вестерн стандард“напаѓачот е 18-годишно трансродово лице и поранешен ученик на училиштето, Џеси Стренг.
Според нив, Џеси Стренг, го почнал својот крвав поход убивајќи ги мајка си и помладиот брат во нивниот дом. Потоа, вооружен со огнено оружје, се упатил кон Средното училиште. Канадскиот премиер Марк Карни изрази сочувство до семејствата на жртвите и го откажа планираното патување во Германија.
Со вкупно десет жртви и 25 повредени, овој настан се рангира како трето најсмртоносно пукање во историјата на Канада, веднаш по масакрите во Нова Шкотска во 2020 година и на Политехничкото училиште во 1989 година.
Албанската полиција упаси 21 лице по вчерашниот протест на опозицијата во Тирана, кој прерасна во насилство пред канцеларијата на премиерот Еди Рама и зградата на парламентот. Седум од уапсените се малолетници. 16 полицајци се повредени извести полицијата.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и разни тврди предмети кон полицијата и владините згради, на што полицајците одговорија со солзавец и водни топови. Демонстрантите бараа оствака од Рама и вицепремиерката и министерка за енергетика Белинда Балуку, Обвинителите за антикорупција ја обвинија Балуку, за мешање во јавните набавки за градежни проекти за фаворизирање на одредени компании и побараа од парламентот да го укине нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи апсење.
Не е јасно кога се очекува парламентот, каде што владејачката партија на Рама има мнозинство, да гласа или дали воопшто ќе гласа за барањето.
-
Емилија Штеријов
Сите содржини од овој новинар
