Преглед на вестите од светот

Пожарникарите се бореа со пожарите во Киев денеска во утринските часови по серијата напади, а жителите пребаруваа низ урнатини и изгорени автомобили, откако руски беспилотни летала и ракети погодија градови низ Украина, при што загинаа најмалку 10 лица и беа повредени околу 100, соопштија официјални лица.
Нападите се случија по неколкудневни предупредувања дека Москва планира голем напад. Го нападна снабдувањето со електрична енергија и инфраструктурата. Во меѓувреме Украина ги засили нападите врз руските нафтени постројки. И двете страни негираат дека таргетирале цивили.
Илјадници луѓе бараа засолниште во метрото во Киев носејќи работи и душеци.
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник изјави дека Украина „отворила нова страница во низата злосторства“ со нападите врз студентски дом во североисточниот регион Луганск и врз станбена зграда во рускиот дел од украинскиот регион Херсон.
Во нападот со беспилотно летало во рускиот град Старобилск загинаа 21 лице кон крајот на мај, додека во нападот со беспилотно летало врз станбена зграда во рускиот град Хеническ во неделата загина едно дете, а 11 беа повредени.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека разговарал со либанската милиција Хезболах, која е поврзана со Иран, преку посредници и обезбедил ветување дека нема да го нападне Израел. Трамп додаде дека разговарал и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека Израел се согласил да ги повлече сите војници што се подготвувале да го нападнат јужен Либан. Ниту еден американски претседател никогаш не разговарал со Хезболах, со или без посредници. Групата е означена како терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави.
Исто така во понеделник, либанските власти потврдија дека Хезболах се согласил со предлогот на САД за „заемно прекинување на нападите“ со Израел.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
