Преглед на вестите од светот
Израел продолжува со воените операции против Хезболах во Либан, игорнирајки ја заканата од иранските власти дека ќе следат нови напади доколку Израел продолжи да го напаѓа Либан. На мета градот Тир. Токму израелските напади врз Либан, беа повод вчера Иран и Израел да разменат оган, за прв пат од априлското примије.
-Иран и Хезболах се обидоа да ни наметнат нова равенка, а таа равенка е неподнослива и неприфатлива за мене. Мислеа дека можат да пукаат кон Израел од либанска и иранска територија и дека ние нема да одговориме. Тоа не се случи и нема да се случи. Не за време на мојот мандат. Како што правев со децении, цврсто стојам зад нашето право да дејствуваме против нашите непријатели, изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Изарел.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ги повика сите страни на воздржаност со цел да се зачува мирот, особено во момент кога мировните преговори помегу САД и Иран напредуваат, порача тој во обајва на социјалните мрежи.
Пакистан е еден од клучните посредници во преговорите. Според шефот на Белата куќа, американската блокада на иранските пристаништа врши притисок врз Техеран да постигне договор што е можно поскоро.
-Имаме тековни преговори во Иран и со Иран, и тоа не е запрено. Мислам дека оди добро. Блокадата продолжува да се држи 100%. Ништо не поминува низ нашата блокада. Ниту нафта, ниту приходи, ниту ништо. Ништо не поминува низ блокадата, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Техеран порачува дека не се откажува ниту од борба, ниту од преговори.
-Нашата цел е да ја завршиме војната и да воспоставиме трајна безбедност, а не да ги нормализираме односите со Соединетите Американски Држави. Исто така, немаме доверба во другата страна, изјави Мохамед Бакер Калибаф, главниот преговарач на Иран.
Претседателот на Украина, Зеленски инсистира Европа да има клучна улоги во сите идни мировн и преговори помегу Киев и Москва. Тој нагасува дека европското присуство на преговорите е од витално значење за да се гарантира безбедноста и стабилонста на континентот.
-На Европа ѝ е потребен силен, вистински глас во мировните преговори и да биде меѓу оние што ги носат одлуките. Америка е подготвена активно да се вклучи во дипломатскиот процес. Вчера разговарав за ова со претставници на претседателот на САД, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Европа не може да биде псоредник во решавањето на украинската криза. Таа е страна во конфликтот, изјави портпаролто на Кремњ, Песков.
-Што се однесува до потенцијалната улога на Европејците како медијатори, тие веројатно, како што го гледаме, се далеку од тоа да бидат подготвени да бидат медијатори. Главната работа е дека, колку што можеме да видиме, Европејците се многу повеќе склони да се фокусираат на продолжување на војната отколку на мировни преговори, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
И двете страни јавуваат за нови напади во текот на ноќта. Властите во украина известија дека во воздушни напади врз градот Чугуив загинале четири лица. Руското министесртво за одбрана пак соопшти дека пресретнале и уништиле 140 беспилотни летала во повеќе региони.
Израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон побара Меѓународниот кривчен суд да го укине налогот за апсење на премиерот Бенјамин Нетањаху, откако главниот обвинитен на судот беше суспендиран поради сомнежи за сексуално вознемирање на колешка.
„Оваа инстиуција е расипана до срж. Сега е време да се поништат апсурдните обвиненија против премиерот Нетанјаху“, напиша израелскиот дипломат на Х.
Кан во 2024 година издаде налог за апсење на Нетанјаху, обвинувајќи го за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Појасот Газа. Британскиот обивнител ги негира обвинувањата против него и најави дека има намера да се врати на должноста откако случајот ќе биде расчистен.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
