Loading Video...
Свет
30. September 2026 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Авион со над 170 патници што летал  од Дубаи кон Тел Авив денеска морал прунудно да слета во САудиска Арабија откако  во текот на летот во пилотската кабина се степале двајцата пилоти. И капетанот и ко-пилотот се хоспитализирани во Саудиска Арабија со повреди. Според  извештаи од изрелските безбедносните служби, ко-пилотот го наапднал со нож капетанот по што авионот за помалку од две минути нагло изгубил висина од над 5.000 метри.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека властите истражуваат можност копилотот намерно да се обидел да го урне авионот, додека капетанот интервенирал за да го спречи тоа. Авионот на „Флајдубаи“ – испратил код за итни случаи два часа по почетокот на патувањето.

Минути подоцна, тој се префрли на код што се користи за пријавување киднапирање, но подоцна беше вратен на општ сигнал за итни случаи соопшти веб-страницата за следење летови Flightradar24 Сведоци за израелските медиуми раскажуваат дека патниците од предните редови и кабинскиот персонал влетале во пилотската кабина, успеале да го совладаат и да го врзат напаѓачот, додека други двајца пилоти кои патувале како патници ја презеле контролата врз авионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се состана  со најважните лидери на американската технолошка елита, нарекувајќи го настанот извонреден собир на умови кои ја градат златната ера на Америка.

По средбата која се оддржа зад заворени врати,Трам објави со челниците на Антропик, Опен АИ, Гугл, Мета АИ и НВИДИА потпишале  доброволен договор дека индустријата за вешташка интелигенција ќе се потпира на саморегулација наместо на строги законски прописи од страна на државата.

„Па, мислам дека гледам огромна самоконтрола; тие разбираат дека мора самите да се контролираат. Овие модели се многу сложени. И повторно, верувам дека ќе се користат за добро. А кога нема да биде така, ќе можеме да ги фатиме. Лидерите на технолошките компании  ветија дека ќе воведат силни контроли за следење на моделите на ВИ и ќе формираат тимови за да обезбедат контроли, следење и рано откривање на проблеми на моделите на ВИ. Ако го направиме ова како што треба, ако соработуваме со претседателот и со сите присутни овде, можеме да постигнеме безбедна победа.“

Продолжуваат воздушните напади на руските сили врз главниот град на Украина, Киев. Три лица, меѓу кои и едно дете загинаа  во утринските удари изјави градоначалникот на Киев, додавајки дека на повеќе места избувнале пожари, при што биле зафатени куќи, продавница и магацин.Украинските воздухопловни сили соопштија дека регистрирале голем број лансирани проектили и дронови, члија цел била енергетската и критичната инфраструктура.

Руското министерство за одбрана повторно извести за интензивни ноќни напади со украински беспилотни летала  длабоко на руска територија, при што според министесртвото, 384 дрона биле соборени или неутрализирани од системите за противвоздушна одбрана.