Loading Video...
Свет
2. јуни 2024 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Повеќе од 4,2 милиони Срби излегуваат на гласање на локалните избори кои се спроведуваат во 89 градови и општини, и градот Белград. Во главниот град се повторуваат изборите, откако на претходните кои беа одржани во декември, никој немаше мнозинство да формира власт.

Споредено со изборите во 2023 година, излезноста во сите овие градови е поголема. Дел од опозицијата ги бојкотира изборите во Белград, сметајќи дека изборните услови не се подобрени, додека за учеството на изборите во другите градови и општини најмногу одлучуваа месните комитети.

Кина испиша историја - сондата „Chang'e-6“ слета денеска на подалечната страна на Месечината, каде што ќе собира примероци за првпат во историјата на човештвото, објави Кинеската Национална вселенска агенција. Сондата полета на Месечината на 3 мај, а слета денеска во 6:23 часот по локално време во Пекинг, пренесе Ксинхуа. За време на слетувањето користен е автономен систем за избегнување визуелни пречки што со помош на камера избира релативно безбедна зона за слетување, врз основа на светлината и темнината на површината на Месечината. Сондата потоа лебдеше на 100 метри од Месечината, избирајќи го последното место за слетување со помош на 3D скенер.

„Оваа камера е инсталирана на дното на лендерот и почна да работи за време на фазата на спуштање. Преку автоматска експозиција, снимаше податоци што обезбедуваа безбедно слетување и го документираа целиот процес на слетување технички, податоците добиени од камерата за слетување геолошката позадина и формите на областа за слетување, обезбедувајќи богати информации за позадина за анализа на вратените примероци“.

Лидерите на двете ултрадесничарски партии во израелската Влада, кои се и министри за за финансии и национална безбедност се заканија дека ќе ја соборат владата доколку таа го прифати новопредложениот договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот. И двајцата тврдат дека договорот ќе стави крај на војната, а клучната воена цел – уништување на Хамас, нема да се постигне и најавија дека ќе ги повлечат своите партии од коалицијата доколку биде прифатен, пренесуваат израелските медиуми. 

Во меѓувреме илјадници Израелци на протест во Тел Авив Нетанјаху да постигне договор за ослободување на заложниците, план што го претстави американскиот претседател Бајден. Додека се чекаат конкретни чекори, Израел продолжи со нападите врз појасот Газа.

Турција брои повредени и евентуални жртви откако станбена зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе.Трикатницата се урнала околу 8:40 часот по локално време, а покрената е истрага за да се утврди причината. Во приземјето на зградата имало продавница, на горниот кат канцеларија, додека семејствата живееле на средните катови.

Иако причините за несреќата се уште не се соопштуваат првичните инспекции на лице место покажале дека зградата, изградена во 1988 година, е изградена без придржување кон архитектонски и инженерски стандарди, користејќи морски песок во нејзината изградба.