Loading Video...
Свет
16. October 2024 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Утрово околу 50 ракети беа истрелани од Либан кон регионот Сафед во Израел, но нема извештај за жртви. Спасувачките операции сè уште бараат починати во северниот либански град Аиту еден ден по израелски напад што погоди зграда во која беа раселени лица од југот, при што загинаа најмалку 22. Израел не го коментираше нападот на Аиту, но вели дека ги презема сите можни мерки на претпазливост за да избегне цивилни жртви.

Израел драматично ги ескалира своите бомбардирање на Либан вклучувајќи ги упориштата на Хезболах во јужен Либан, јужните предградија на Бејрут и источниот регион Бека. Погодени се и други области на Либан.

Изреалската војска исто така, соопшти дека израелските војници откриле десетици тунели и големи подземни објекти во јужен Либан, и пронашле оружје во станбена зграда за време на рацијата.

Соединетите Американски Држави изразија загриженост до Израел поради неговите бомбардирање во Бејрут. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека САД јасно ѝ ставиле до знаење на владата на Израел дека имаат загриженост за природата на бомбардирачката кампања забележани во изминатите неколку недели, главно поради цивилната штета. Тој оцени дека нападите во последните неколку дена се намалени по интензитет.

Стотици луѓе присуствуваа погребите на 19 селани кои загинаа по поројните поплави и лизгање на земјиштето зафатија делови од централна и јужна Босна. Членовите на ужалените семејства го кажаа имаа последно збогување. Најмалку 26 лица загинаа во силните поплави и лизгање на земјиштето кои збришаа цели села низ Босна и Херцеговина и предизвикаа огромна штета. Главната транспортна инфраструктура што ги поврзува централна и јужна Босна е сериозно оштетена.

На брегот во близина на Кејп Таун, Јужна Африка морските води исфрлија труп на кит. Причината за смртта на китот не е позната, изјавија официјалните лица, а невообичаено е што китот е исфрлен на брегот. Локалните медиуми објавија дека на китот не биле откриени видливи повреди. Случајните минувачи имаа можност да видат ретка глетка. Трупот бил пронајден рано наутро, а попладнето беше изваден за да биде фрлен на депонија. Китови често се забележуваат веднаш до брегот на Кејп Таун во преиодот јуни - декември, бидејќи тие мигрираат таму сезонски за да ги родат и одгледуваат своите млади.