Loading Video...
Свет
24. August 2025 - 20:48

Преглед на вестите од светот

Албанија продолжува со рушење на дивоградбите ширум државата. Денеска таргет беа тие во Драч, град пред шест години беше погоден од силен земјотрес кој одзеде 51 жртва – несреќа која резултираше со масовни апсења за диви градби. 

Кампањата „Урбана ренесанса 2.0“ која ја претстави претседателот Еди Рама има за цел ослободување на окупираните јавни површини низ целата земја и претставува дел од подготовките за членство во Европската Унија, што се очекува да се случи во 2030. Рама воведе и мобилна апликација преку која граѓаните директно можат да пријавуваат узурпација на јавен простор. 

По четвртипати Украина прославува Ден на независноста во услови на војна. Лидерот на нацијата е убеден – и за 100 години Денот на независноста ќе се слави во Киев и повтори дека Украина сака достоинствено мировно решение.

-Колку пати сме рекле дека сакаме тишина, сакаме мир, но достоинствен и сеопфатен. И затоа сметаме на силата на целиот свет. Ваква е Украина сега. Вака Украина никогаш повеќе во историјата нема да биде принудена да чувствува срам, рече Зеленски.

На прославата на Денот на независноста се појавија видни политичари од западниот свет. Меѓу нив и премиерот на Канада, Марк Карни кој му се придружи на Зеленски во молитвата за мир во Украина.

Честитки за независноста и пораки за мир испратија речиси сите западни лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да ги смири Москва и Киев вели дека САД поддржува решение за траен мир што ќе го заштити суверенитетот и достоинството на Украина.

-Народот на Украина има непоколеблив дух, а храброста на вашата земја инспирира многумина. Соединетите Американски Држави ја почитуваат вашата борба, ги почитуваат вашите жртви и веруваат во вашата иднина како независна нација. Сега е време да се стави крај на бесмислените убиства. Соединетите Американски Држави поддржуваат решение кое ќе донесе траен мир, ќе го запре крвопролевањето и ќе го заштити суверенитетот и достоинството на Украин, порача Трамп.

Масовна регрутација во Венецуела по заканите од САД за можна воена акција против Каракас. Локалните власти најавија кампања за доброволна мобилизација. Венецуела сака да ги вклучи сите способни луѓе во заштита на нацијата. 

-Како Венецуелец, секој има должност. Мораме да бидеме подготвени за сеопфатна одбрана на земјата. Ние, работниците, ја потврдуваме нашата поддршка за татковината.

Мобилизирацијата уследи како одговор на воените маневри на САД на Карибите. Официјално, овие маневри се дел од борбата против трговија со дрога. Но западните медиуми јавуваат дека американските борбени бродови би можеле да пристигнат на крајбрежјето на Венецуела уште денеска.