Бизнис
3. May 2018 - 19:43

Прекинат штрајкот на вработените во Еурокомпозит

Вработените во прилепски Еурокомпозит денеска го прекинаа штрајкот и се вратија на своите работни места. Доцна синоќа, после долги преговори постигнале договор со премиерот Зоран Заев кој им ветил дека максимум до понеделник ќе добијат една плата и дека во рок од 3 месеци ќе се реши нивниот проблем со продажба на компанијата на странски инвеститор.

„Наредниот понеделник ќе им биде исплатена плата линеарно на сите, истовремено и тие самите превзедоа обврски дека целата заостаната работа и секоја идна работа која што тековно пристиигнува во фабриката ќе биде одработена со цел да се обезбедат редовни приливи“, истакна Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

„Премиерот ни вети дека веднаш ќе се поведе постапка за 100 до 120 вработени да заминат технолошки вишок и да влезат во законот за стечајци ии во рок од 3 месеци да се решава проблемот со Еурокомпозит, да се прииватизира“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.   

Инаку вработените немата земено 17 плати и не им се платениу придонесите од јуни 2012 година.

„И придонесите и заостанатите плати да се пишат како побарувања кои ќе треба да ги исплати потенцијалниот купувач“, вели Цветан Бунтески, член на синдикалниот одбор.

Денеска Еурокомпозит го посети турска делегација составена од директори на компании од наменската воена индустрија и државниот секретар во министерството за одбрана на Турција како и претставници на Генералштабот на АРМ и МО, но посетата не беше отворена за медиумите.