Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата.
Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, уплатницата и изјавата, кандидатот треба да ги достави лично, најдоцна до денеска до 16 часот до Училишната матурска комисија.
Приговорите што ќе пристигнат по наведениот рок или се доставени на друг начин нема да бидат разгледувани.
Резултатите од разгледаните приговори ќе бидат истакнати на 26 август 2026, а увид во тестот, по поднесениот приговор, може да се закаже на 27 август 2026 од 9 до 14 часот.
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата беше реализиран на 12 и 14 август. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура беа пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Поради значително помал број кандидати во август отколку во јуни, оваа испитна сесија беше организирана во четири градови на осум локации.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
