-->
-->
Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-->

Почнува изградбата на автопатот Букојчани - Кичево.
За денеска е закажан официјалниот почеток на изградбата на кој ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево.
Проектот треба да се реализира во две фази - првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората од Долно Строгомиште до Црвевци.
Средствата се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
