Премиерот Мицкоски на отворање на новиот производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Охрид

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на отворање на новиот производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Општина Охрид.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
Компанијата е основана во 2000 година и започнала со green-field инвестиција во опрема за производство на плетени производи од полиетилен за пакување земјоделски производи.
Производите на АСП ПАК се наменети за земјоделството, градежништвото и индустријата и се користат во повеќе од 50 земји, а компанијата соработува со над 500 клиенти ширум светот, вклучувајќи пазари во Европа и Северна Америка.
Во производното портфолио се вклучени заштитни и противградни мрежи, мрежи за сенка и ветрозаштита, мрежи за градежни скелиња, како и различни видови мрежести вреќи за пакување земјоделски и индустриски производи.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
