Македонија
4. September 2020 - 13:11

Преполовен бројот на туристи во струмичките манастири

Во последните неколку години манастирите и црквите во струмичко беа едни од нај посетените од страна на туристите.  Скоро и да не постоеше ден,  а да не се забeлежи група од туристи која прави обиколка во некој од позnатите манастирски комплекси. Освен Водоча и Вељуса, изминатите три години една од нај посетуваните беше и црквата Свети 15 Тивериополски Маченици во која се наоѓа чудотворната икона на Богородица Скоропослушничка, археолошки локалитет и галерија на икони. Но, за разлика од традиционалните туристички центри каде поради затворените граници се бараше место повеќе овде сликата е сосема поразлична, бројот на гостите е речиси преполовен.

Оние ретки туристи кои летово ги посетиле манастирите во струмичко биле мали групи и тоа претежно од исто семејство.

До пред почетокот на корона кризата освен еднодневните групи имаше случаи кога се користеа и манастирските конаци за неколкудневен престој. Последните месеци тие се празни. Од струмичката епархија во моментов немаат точна статистика со која може да се направи споредба со истиот период лани, но велат бројот на посетители намален повеќе од двојно, а сликата е речиси идентична во сите верки објекти кои важеа за не одминлив дел од туристичката понудата во регионот.