Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
Избегнување престој на сонце од 11 до 17 часот, носење лесна, широка облека во светли бои, капа со широк обод и очила за сонце, како и престојување во климатизирани простории кога е можно, се само некои од препораките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по најавите за порастот на температурите во земјава.
Препораките се однесуваат на сите граѓани, особено на најранливите категории - постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.
ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.
-Ако морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце, пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед, никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко, туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото, лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар, препорачува Институтот.
Предупредува и дека ако некое лице покажува знаци на топлотен удар - топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест, веднаш треба да се повика итна медицинска помош на броевите 194 или 112.
Ново на Сител
-
ДУИ реагира зошто меѓу спортистите кои добија национални признанија нема Албанци
-
И пулмолози од Скопје ќе одат во кочанската болница - Од наредната недела почнува рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот
-
Странските влијанија и можноста за отпор против лажните вести
-
Експертска дебата по препораките на Брисел за реформи на Судскиот совет
-
Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира