Престрогото родителство ѝ штети на младата личност во развој

Родителите често веруваат дека ограничувањето на излегувањата и поставувањето строги правила ги штити децата од опасност, но прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.
Имено, кај децата кои растат во премногу строги семејства, каде што правилата се „драконски“ и нема никаков простор за „преговарање“ и попуштање, честопати се развива анксиозност и ниска самодоверба. А пак, децата израснати во средина со поголема самостојност за одлуките, желбите и поотворена комуникација, имаат подобри социјални вештини и поголемо чувство за одговорност.
Адолесцентите кои имаат поголема слобода во донесувањето одлуки, подоцна покажуваат повисоко ниво на зрелост и емоционално прилагодување.
Освен тоа, престрого контролираните деца често стануваат побунтовни или кријат информации од своите родители, наместо отворено да комуницираат со нив.
Умерено строгото (авторитетно, а не „авторитарно“) родителство, коешто е спој од јасни правила, смирен, топол тон и флексибилност, се смета за најздраво за развојот на детето, советуваат стручњаците. Исто така, дружењето со врсниците е клучен дел од растењето, а социјалната интеракција овозможува да се развијат комуникациски вештини, емпатија кон другите луѓе и чувство на припадност.
Кога децата се премногу ограничени, тие може да се почувствуваат изолирани, што доведува до социјална несигурност и проблеми со менталното здравје. Поставувањето пофлексибилни правила, како што е согласноста за враќање дома подоцна, наместо строга забрана, поттикнува одговорност. Децата кои имаат доверба во родителите честопати се поодговорни, бидејќи не чувствуваат потреба се кријат, да бегаат или да се бунтуваат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
-

Онлајн радикализацијата како безбедносен проблем: Како се одвива екстремистичкото регрутирање
