Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико

Истражители во американската сојузна држава Ново Мексико започнаа претрес на поранешниот ранч на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, каде покојниот финансиер и негови соработници беа обвинувани за сексуална злоупотреба на жени и девојчиња, соопштија државните власти.
Медиумите посочуваат дека властите постапуваат врз основа на нови информации содржани во документи што во јануари ги објави американското Министерство за правда, меѓу кои и тврдење дека Епстин наредил телата на две девојчиња да бидат закопани во ридовите во близина на имотот.
Според очевидци, во претресот се користат и специјално обучени кучиња, а биле забележани и припадници на државната полиција и возило на противпожарно-спасувачката служба.
Минатиот месец Ново Мексико стана првата американска држава што формираше законодавна „комисија за вистина“, со цел да се испита можна јавна корупција што му овозможила на Епстин тајно да дејствува на ранчот цели 26 години.
Имотот на Епстин беше продаден во 2023 година на бизнисменот од Тексас Дон Хафинс, кој го преименува во ранч „Сан Рафаел“. Новите сопственици соработуваат со истрагата и дозволиле пристап за претрес, соопшти Министерството.
МИА
Ново на Сител
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
-

Денес нестабилно време со дожд и грмежи
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
