-->
-->
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-->

Нa 07.10.2025 во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.М.(30) од Струмица.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
