Претреси во Скопје, пронајдени дрога, оружје и муниција

На 03.06.2025 во 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Г.С.(41) од Скопје. При претрес во неговиот домот, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.06.2025 околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, исто така, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
