Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум. Таа денеска ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
-

ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева даде свечена заклетва
-

Нов тренинг центар за безбедна храна во светиниколско Амзабегово
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура
