Македонија
24. September 2025 - 9:56

Претседателката Сиљановска – Давкова на средба со Гутереш во Њујорк

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден.

По средбата со Гутереш, Сиљановска Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе присуствува на ручекот што за лидерите од Западен Балкан го организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Според агендата, таа ќе присуствува и на церемонијата организирана од страна на Атлантскиот совет за доделување награди за глобални граѓани, како и на приемот организиран од меѓународниот центар Низами Ганџави“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на приемот што го приредува американскиот претседател Доналд Трамп.

 

МИА