Претседателските избори во Србија закажани за 27 декември

„Во согласност со член 114, став 2 и член 120, став 3 од Уставот на Република Србија, како и член 9 од Законот за избор на претседател на Републиката, ги распишувам изборите за претседател на Република Србија, што ќе се одржат на 27 декември 2026 година“, рече Чупиќ.
Тој изјави дека одлуката за распишување на претседателските избори ќе стапи во сила на денот на нејзиното објавување во „Службен весник на Република Србија“.
„Градењето демократски институции е задача на сите нас, особено на политичките актери и медиумите“, нагласи Чупиќ.
Според него, добрите закони се темели на општеството, а информираните граѓани се вистинските носители на политичката заедница.
„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу врвните кандидати и нивните програми. Нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат повик за голема излезност“.
Тој ги повика граѓаните на Србија да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември, за да може волјата на народот да произведе претседател на државата со силен легитимитет, кој ќе биде јасен израз на државното единство.
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, поднесе оставка на 27 септември.
Редовни избори за претседател на Србија се одржуваат на секои пет години.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
