Македонија
9. September 2022 - 12:22

Претставата Глембаеви го означи почетокот на јубилејното 30-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата Глембаеви на театарот Војдан Чернодрински од Прилеп го означи почетокот на јубилејното, 30 то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. Во шест фестивалски денови во официјалната конкуренција ќе бидат одиграни девет претстави од домашна, но и продукција од соседството со околу 30 актерски остварувања. За единствената награда на фестивалот ќе одлучува меѓународно жири предводено од минатогодишниот лауреат Ѕвездана Ангеловска која вели дека ќе имаат тешка задача.

Во чест на јубилејот пред почетокот на фестивалот беше отворена изложба со фотографии насловена „Лауреати“. Се работи за портрети од сите досегашни победници на фестивалот направени за време на  доделувањето на наградата.