Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
Петрова ја прифати средбата со Муцунски. Како што неофицијално дознава Сител, потврдата денеска стигнала во македонското МНР. Иако во неа нема прецизен тајмниг очекувањата се дека таа ќе се одржи во четврток во раните попладневни часови. Премиерот не е оптимист. Вели, тоа ќе биде средба на коњопој.
Иницијативата за средба на маргините на министерскиот состанок за коридорот 8 доаѓа по советот кој Претседателката на Европската Комисија му го даде на премиерот при посетата на Скопје во петокот. Токму нејзините пораки од говорницата во владиниот прес центар за опозицијата се потврда за идентитетот. Загрижени се за атмосферата која се создава во пресрет на средбата.
Уште пред официјална Софија да ја потврди средбата, бугарските медиуми немаа дилема дека таа ќе се случи, иако и таму, во суштина очекувањата не се многу повисоки од оние на Премиерот Мицкоски. Тие пишуваат дека Софија ќе ја отвори вратата за разговори но не и за репреговарање на позициите кои ги договори со претходната Влада.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
