Превентивни активности на МВР во Скопје, Битола, Велес и Куманово
Во рамки на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Велес и Куманово вчера се реализирани превентивни активности во поголемиот дел посветени на сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства, како и околу заштита на граѓаните од измами.
Од МВР денеска соопштија дека во рамки на СВР Скопје биле спроведени активности околу сообраќајната безбедност фокусирана кон задолжителното носење и користење на зимска опрема, а во основните училишта „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ на подрачјето на ПС од ОН Гази Баба биле реализирани едукативни работилници за превенција од злоупотребата на пиротехнички средства меѓу децата, како и околу значењето на детските права. Идентична активност Одделението за превенција при СВР Скопје веќе организираше и спроведе и во основните училишта „Александар Урдаревски“ и „Кирил и Методиј“ на подрачјето на ПО Мирковци.
На подрачјето на СВР Битола пак, односно во Македонски Брод и Ресен полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Ресен биле ангажирани на превенција по однос на темите за задолжителното носење и користење на зимска опрема и за некористењето на мобилни телефони при возење. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во пензионерскиот дом во Велес одржале предавање во рамки на проектот за заштита од имотни деликти (пред се измами на повозрасни категории граѓани).
Во рамки на СВР Куманово, се вели во соопштението, полициски службеници реализираа превентивна кампања со посета на основните општински училишта во Куманово, каде беше поставен едукативен материјал околу злоупотребата, односно забраната за употреба на петарди и други пиротехнички средства. Во централното градско подрачје пак, беше спроведена превентивната сообраќајна активност околу задолжителното носење и користење на зимска опрема.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
