Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната.
Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат изземање од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена.
Превозниците за првпат се среќаат во Скопје, а најавено е учество на претставници од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
- Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави вчера за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници - МАКАМТРАНС.
МИА
Ново на Сител
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
