Причард: Политичарите во Македонија да го стават интересот на државата на прво место, сите сомненија за криминал мора да бидат докажани
-За обвинувањата за прислушнувањето, клучно е да има одговорност и транспарентен процес, судски процес пред Специјалното Обвинителство. Но кажано лично, и ако ги погледнете неодамнешните анкети во Македонија, законскиот процес мора да биде темелен, фер и мора да има законски процес. Не смее да се расфрламе со обвиненија, мора да има докази, и ако Специјалната Обвинителка најде докази, треба да покрене обвиненија, а судовите да дојдат до сопствена одлука. Правниот систем не смее да биде, и не велам дека е, но мора да избегне и најмал траг на политичка мотивација. Мора да има поделба на власта меѓу извршната, законодавната и судската власт и судството, ако сака да ја добие почитта од сите луѓе во Македонија, мора да биде независно и да го гледаат како независно, изјави Причард.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
