Македонија
2. November 2020 - 16:47

Прилеп има недостаток на медицински персонал

Поради зголемениот број на заболени од Ковид 19 после уво, нос и грло, во Прилеп ковид центри ќе станат и очното одделение и едно крило во интерното одделение со што на располагање ќе се добијат уште 50-тина места плус. Во моментов хоспитализирани се околу 60 пациенти. Но за да може да се раководи со сите овие одделенија прилепската болнициа побарала од Миниситерството за здравство да се вратат назад сите специјализанти за може да помогнат околу борбата со Ковид. Бидејќи има недостиг од кадар во сите одделенија поради заболени медицински лица со корона вирус.

„Најголем проблем се докторите, не се создава доктор преку ноќ за лекување на тие пациенти. Ќе поднесиме барање и разговарано е во допис со министерот да ги повлечиме повторно специјализантите да ги вратиме назад во болница Прилеп, со што би обезбедиле персонал од доктори, кои ќе бидат вклучени во работењето на сите одделенија“, истакна Драган Боески, директор на Општа болница Прилеп.

Од инфективното одделение пак порачуваат дека не секој што е позитивен ќе се хоспитализира, туку само оние за кои ќе се оцени од страна на матичните лекари во консултација со инфектолозите дека се критични случаи. Исто така ако има еден позитивен во фамилијата, нема сите да бидат тестирани, туку само ризичните категории.

„Само ќе дојде ако матичниот лекар го прегледа и процени дека тој треба да дојде на инфективно, према нашите дадени протоколи. Не значи дека ако некој во фамилијата е позитивен, дека сите треба да бидат тестирани. Значи еден дома позитивен, веројатноста е и дека сите се позитивни, но не мора да бидат сите тестирани. Да биде првично тестиран оној кој спаѓа во онаа ризична група“, истакна Мирјана Крстеска, началник на инфективно одделение.

Во борбата со Ковид 19 се вклучуваат поактивно и матичните лекари. Наместо само по телефон сега тие и ќе ги прегледуваатт сите сомнителни или болни од корона вирус. Но сепак бараат и насоки од Министерството.

„Вчера на состанокот што го имавме со матичните доктори од Прилеп, се препорача дека мора да ги прегледуваат пациентите што се сомнителни за корона, не може да избегаме и да не ги прегледуваме пациентите“, рече Нора Димшоска Тасеска, претседател на здружение на приватни лекари на Прилеп.

Ситуаицијата во Прилеп е алармантна, драстично се зголемува бројот на новозаразени.

„Од досега 1380 позитивни, 722 се заразени во месец октомври“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Од досега починатите 62 лица, 20 се починати во октомври, од кои само 10 во последната недела.