Македонија
5. May 2018 - 16:44

Прилеп се обидува да го реши проблемот со дивите депонии

Прилеп се гуши во 10-тина диви депонии кои веќе подолг период се составен декор на градот. Нив ги има скоро во секоја населба, а особено се присутни на периферните делови од Прилеп. Несовесните граѓани и градежни компании

наместо на депонија фрлаат ѓубре и градежен шут колку сакаат и каде сакаат, без страв од никого.

Денеска Општина Прилеп во соработка со ЈКП „Комуналец“ и другите јавни претпријатија спроведе Еко акција за чистење на овие депони. Во акцијата учествуваа над 100 учесници.

„Заеднички сите да си ја зачуваме нашата животна средина и нашето здравје, сметот да го одлагаме таму каде што треба, во контејнерите, во кантите и во депонијата во село Алинции која што е отворена за сиите граѓани ии компании таму да го полагаат сметот без никакво надоместок“, вели Звонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ - Прилеп.

Учесниците во акцијата велат дека еко свеста кај граѓаните е на многу ниско ниво.

„Она што го видовме е навистина срамота, од која што треба сите да се срамиме, бидејќи нема што немаше фрлено во ѓубриштето кое го собираме денес“, вели еден граѓанин.

„Вистинскии хаос, срамота, имаше фрлено се пластика, харија, различен виид на отпад“, додава друг граѓанин.

Од прилепски Комуналец велат дека со денешната акција ќе биле исчистени 6 диви депонии, a само денеска биле собрани над 230 кубни метри отпад и градежен шут.

„Се надевам дека во иднина овие акциии ќе ги правиме секако, нод ека ќе собираме се помалку смет“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Оваа еко акција беше дел од ииницијативата на ЗЕЛС за средување на животната средина низ општините во Македонија.