Прилеп ве кани на „Пиво фест“
Одлична атмосфера на првиот ден од 16-тиот по ред Пиво фест во Прилеп. Забавата ја отвори Бени, а потоа истата продолжи со Тони Зен, Дани, a кулминацијата беше со Кирил Џајковски. Граѓаните се горди на оваа манифестација која привлекува гости од цела Македонија и странство.
„Забавата е одлична, сега се загреваме, прв ден е. Очекуваме гости од цела Македонија и странство. Пиво фестот го оценуваме со чиста 10-ка“, велат дел од анкетиираните граѓани.
Македонците од дијаспората велат дека својот одмор скоро секогаш гледаат да им биде времето кога се одржува Пиво фестот.
„Ние доаѓаме од Австралија, секоја втора година сме тука, специјално доаѓаме кога се одржува фестиивалот“, велат Македонци кои живеат во Перт, Австралија.
„Ние живееме во Шведска и скоро секогаш гледаме нашиот одмор да се погоди со фестивалот, многу е убаво тука“, велат други Македонци кои живеат во Шведска.
Задоволни и угостителите и пиварите кои очекуваат добар профит за овие 4 дена.
„Засега е одлично, од 8 часот откако започнавме со работа се е супер, иима побарувачка“, велат угостителите.
И за пејачите Пиво Фест е една од најголемите забави во Македонија.
„Пиво фестот отсекогаш имал одлична организација, секогаш било се како што треба и од технички и од организациски аспект“, истакна Дани Димитровска, пејачка.
„Целата организација тука во градов е супер сега за сега и мислам дека така ќе помине и целиот настан“, рече Тони Зен, пејач.
Вечер забавата продолжува со Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и грчкиот ДЈ Mossel.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
