Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин - Кејт Мидлтон ги предводеа кралските почести по повод третата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември.
Елизабета, најдолговечниот монарх во Велика Британија, почина на 96 години на 8.9.2022, во замокот Балморал - нејзиното летно одморалиште во Шкотска.
За одбележувањето на годишнината, принцот Вилијам и Кејт го посетија Женскиот институт (ЖИ), којшто ѝ бил „близок до срцето“ на покојната кралица, објави „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment). Кралицата, инаку, беше член на ЖИ 80 години, и претседателка на огранокот близу нејзиниот дом во Сандрингам, во источна Англија од 2003 година до својата смрт.
Во истовреме, отуѓениот брат на Вилијам, принцот Хари се врати во долгоочекуваната посета на Велика Британија, оддавајќи ѝ почит на својата баба на нејзиното последно почивалиште.
Не се очекува средба меѓу Хари и престолонаследникот Вилијам за време на неговата посета на Велика Британија оваа недела. Сепак, според гласините, тој би можел да се сретне со својот татко, кралот Чарлс, првпат по 20 месеци.
„Икс“ профилот на кралското семејство објави слика од покојниот монарх со придружна порака: „Сеќавање на кралицата Елизабета II, 1926 - 2022“.
Кралот, пак, во мигов престојува во Балморал со својата сопруга, кралицата Камила, и не е најавено нивно јавно одбележување на годишнината.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
