Пристигна Oppo A7: Eвтин смартфон наменет за гејминг

Кинеската компанија Oppo го претстави новиот модел A7 – смартфон со голем капацитет на батерија и спецификации кои се идеални за љубителите на мобилен гејминг.
Oppo A7 има дисплеј од 6,2 инчи кој има резолуција од 720p, на кој сигурно ќе му се израдуваат оние кои сакаат мобилен гејминг.
Телефонот поседува процесор Qualcomm Snapdragon 450, кој овозможува богати детали при емитувањето на слики. Во зависност од пазарот, овој телефон ќе се продава во конфигурации од 4GB RAM и 32GB внатрешна меморија или 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија. Иако просторот изгледа премногу мал за еден современ телефон, меморијата може да се прошири со помош на microSD картичка.

Oppo A7 е опремен со две позадински камери во комбинација 13MP + 2MP, како и една селфи камера од 16MP. Предната камера ја има и AI функцијата и има посебен Beauty Shot во резолуција од 8MP, која ќе го унапреди снимањето на селфи фотографии.

Она што го прави овој телефон гејмерски е поддршката за HyperBoost, кој претставува одговор на GPU Turbo технологијата која ја користат телефоните на Huawei. Како што велат од Oppo, играчите ќе добијат 31% подобро искуство благодарение на HyperBoost технологијата, а долготрајноста на играњето е обезбедена со батеријата од 4.320 mAh.
A7 користи оперативен систем наречен ColorOS 5.2, кој го користи Android како основа. Уредот ќе биде достапен во четири бои а ќе чини од 200 до 270 евра, во зависност од пазарот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
