Притисокот врз медумите почна со јавното посочување од Зоран Заев кои медиуми се негови најголеми непријатели
Да запре притисокот врз слободните медиуми и водењето на селективна правда им порачаа на судиите од скопска апелација припадниците на Бошњачката заедница и вработените во компаниите на бизнисменот Сеад Кочан. Побараа од нив вниметлно да ги разгледаат доказите и да донесат вистинска одлука која за нив значи слобода за Сеад.
Новинарите од ТВ Нова решението за притвор го оценија како директен атак врз медиумот во време кога државата се соочува со политичка криза. Подршка добија и од МАН кои ја изразија својата солидарност приклучувајки се на мирниот протест.
По вечрашната јавна седница, апелациниот суд до утре има рок да ја донесе одлуката по жалбата поднесена од одбраната на бизнисменот Кочан. Адвокатот Додевски тврди дека сите аргументи се во полза на неговиот клиент и очекува укинување на решението кое го донесе кривичниот совет по барање на СЈО.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
