Приватните превозници бараат помош поради зголемената цена на метанот
Ако не се интервенира со цената на метанот јавниот превоз ќе биде доведен во прашање алармираат од Слобода превоз. Бараат владата да ги субвенционира, во прашање се 21автобус кои се еколошки а доколку не се интервенира ќе мора да ги исклучат од сообраќај. Протестот не е решение вели Јовановски бидејќи тоа ќе создаде дополнителен проблем за граѓаните.
Дополнително од ЈСП им должат 43ипол милиони денари поради што тие не можат да платат кај добавувачите на нафта и метан. Секој од превозниците е задолжен со 5000 до 15 000 евра за да може да работи непречено.
И ЈСП минатата недела побара помош од Владата, претпријатието располага со 33 еколошки автобуси на метан. Од Владата тогаш одговорија дека помошт треба да бараат од Град Скопје. Претходно од РКЕ појаснија дека тие немаат ингеренции согласно закон да интервенират во однос на цената на ЦНГ бидејќи пазарот на природен гас е целосно либерализиран од 2015 година.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
