-->
-->
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-->
На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(36) од Штип.
При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите