Македонија
20. September 2025 - 13:16

Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

На 19.09.2025 во 12:25 часот на регионалниот пат Кавадарци- Росоман од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода е лишен М.А.(39) од Скопје.

Тој управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки предизвикал сообраќајна несреќа, а при вршењето на увид е констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.