Македонија
17. July 2025 - 14:13

Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет

На 16.07.2025 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Б.(44) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и им се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија и носел остар предмет.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.