-->
-->
Приведен 45-годишник од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и бил пронајден пиштол
-->
На 19.08.2025 во 01:20 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Р.(45) од Дебар. Полициски службеници го забележале лицето како управува патничко возило „фолксваген џета“ со национални ознаки на САД со чкрипење на гумите и нагло зголемување на брзината.
Откако го запреле возилото, тој физички ги нападнал полициските службеници и кај него бил пронајден пиштол. Исто така, по извршено алкотестирање, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а и член 383 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ