Македонија
20. August 2025 - 14:06

18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди

На 19.08.2025 во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.