Македонија
20. August 2025 - 13:52

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

Не е вистина дека повторно ќе се активира рудникот Казандол, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во увид на работите на новиот погон во кочански „Анфенол“. 

Сопствениците на инвестицијата во Казандол го изгубија спорот и побарувањето од 115 милиони евра оштета. 

Тоа значи дека тие веќе немаат концесија. Не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот. Тоа е веќе конструкција и обид за манипулација од одредени кругови кои што не и мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.    

Премиерот притоа кажа дека ова е втора арбитража којашто оваа Влада ја добива и оти се очекуваат барем уште две во периодов што следи. За него, вистинското прашање е како во минатото било пракса да се губат арбитражите и како сега наеднаш арбитражите се добиваат во полза на државата.

- Треба тоа да се истражи. Да, ние направивме одредени промени во адвокатскиот тим, но некако симптоматично е како во минатото се губеа сите арбитражи како по правило, а сега ги добиваме. Во случајов станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра. Толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што беше побарување од тужениот, тоа беше Македонија. Причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот Казандол, рече премиерот Мицкоски. 

 

МИА