-->
-->
Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50
-->
На 19.08.2025 во 19.21 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода И.С.(40) од с.Дебреше, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „ауди” со гостиварски регистарски ознаки во населено место со брзина од 108 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесенаа соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје
-
Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен
-
Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“
-
Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен
-
Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Приведен 45-годишник од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и бил пронајден пиштол