Македонија
27. September 2025 - 14:05

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол

На 27.09.2025 во 03:00 часот на крстосница од ул.,,Благоја Тоска" со ул.,,Борис Кидрич" во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиja од слобода Б.Г.(48) од Тетово.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило ,,хонда" со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и при извршена контрола констатирано е дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,65% промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.