Македонија
26. September 2025 - 16:46

Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува

Од денеска важи законот со кој се казнуваат пешаци кои поминуваат улица користејќи слушалки, телефон и смарт часовник, а истото важи и за велосипедистите, оние кои се на тротинет или мотор, а користат електричен уред. 

Во моментов полицијата опоменува пешак кој што помин на пешачки премин користејќи мобилен телефон. Денеска полицијата наместо казни, само со опомени ги опоменува оние кои што не ја почитуваат оваа законска мерка. 

Опомените кои ги пишува полицијата важат само денес, со оглед дека денеска стапија на сила измените на законот за сообраќај. Казните кои ќе се пишуваат се 40 евра за пешаци кои користат слушалки и телефон дури поминуваат улица, а 50 евра за велосипедисти и оние кои возат тротинет и мотоцикл. 

Денеска имаше полиција речиси на сите булевари. Иако дел од граѓаните знаеа и кога поминуваа улица не ги користеа телефоните, имаше и такви што не ја почитуваа оваа мерка. Некои не ни знаеја дека од денеска важи овој закон. Некои се согласуваат со него и велат дека ќе ја подобри безбедноста за пешаците, но некои сметаат дека не може целосно да се ограничи користењето телефон.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат законот.

Измените за пешаци се воведени за да не се деконцентрираат и да им се намали вниманието од електронските уреди дури поминуваат улица и дури се движат на велосипедска патека, додека пак за велосипедистите и оние кои користат електричен тротинет и мотоцикл, да не им се намали стабилноста и сигурното управување со возилото.