Македонија
27. May 2025 - 11:49

Приведен 49-годишник од Скопје, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога | ФОТО

На 26.05.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(49) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана.

По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.