-->
-->
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-->
Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, ноќеска во 01:35 часот на улица „Кочо Рацин“ во Кавадарци, го лишиле од слобода Т.П.(58) од Скопје.
Како што соопшти МВР, при сообраќајна контола и преземени мерки констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
-Т.П. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?